Македонија

Алиу: За бубрег чекаат 168 пациенти, а за срце 37 – новиот систем за дарување органи почнува од 1 октомври 2026

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата.

Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмели и најуспешно финализирани процеси водени во здравството. – Со усвојувањето на измените на Законот за земањето и пресадувањето делови од човечкото тело заради лекување државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. Органодарителството денес е тема на доверба, на лична волја, на солидарност и на зрелост на нашето општество – рече тој.

Притоа додаде дека овој процес не почна во Собранието, ниту завршува со усвојувањето на законот. – Тој почна со одлуката да излеземе пред јавноста. Со кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, со видеа од лекари и медицински тимови, со трибини, со јавни разговори и со пораки што ja објаснуваа хуманата димензија да се биде органодарител. Не сакавме граѓаните да слушаат само за процедури. Сакавме да разберат дека зад секоја трансплантација стојат човечки животи, семејства што чекаат и надеж што не смее да остане без системска поддршка – додаде тој.

Токму тоа, рече, го прават овие законски измени. – Волјата на граѓанинот, конечно, добива јасно, видливо и заштитено место. Секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Таа волја ќе биде евидентирана во системот, а граѓанинот ќе може во секое време да ја промени. Со тоа државата ќе добие појасна рамка, а граѓанинот поголема сигурност дека неговата одлука ќе биде почитувана – појасни министерот.

Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, за нејзините правни последици и за правото таа во секое време да може да се промени. – Пристапот до овие податоци ќе биде строго ограничен, контролиран и евидентиран, што значи дека секој увид во системот ќе остава трага и ќе биде дозволен само за точно утврдени овластени лица. Дополнително, граѓанинот во секое време ќе може да ја промени својата одлука со нова изјава кај својот избран лекар, а важечка ќе биде секогаш последната евидентирана изјава – нагласи Алиу.

Функционирањето на овој нов систем ќе почне од 1 октомври 2026 година. – Дотогаш наша обврска е сè да биде безбедно и подготвено, и тоа како технички и институционално, така и комуникациски. Органодарителството не смее да биде оставено на недореченост, претпоставка или страв. Тоа мора да биде поткрепено со прецизна процедура и со сигурен систем – нагласи министерот.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со […]

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Најнови вести

To top