Македонија

Кој работник од Скопје земал по 190.000 евра плата месечно?!

Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6%

Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен. Оваа која на годишно ниво надминува 2,2 милиони евра е за околу 2% повисока од ланската највисока плата. Целиот топ 5 највисоки плати во Македонија е над 2 милиони евра годишно во бруто износ и сите се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите Аптеки, трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.

Најмногу пари надвор од плата, како дополнителен приход пријавил скопјанец кој лани инкасирал нешто под 2 милиони евра бруто на годишно ниво. Во Топ 5 има уште 3 годишни приходи над милион евра и еден од 42 милиони денари. Најмногу приходи од дивидеднда пријавил гевгеличанец кој лани земал над 4 милиони евра. Слична сума пријавил и охриѓанец.

Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6% Утврдениот бруто приход е за 74,1 милијарди денари повисок (+13,8%), а утврдениот данок на личен доход за 4,9 милијарди денари (+13,9%).

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надзорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top