Во акциска контрола спроведена на 4 јули од 17:00 до 23:00 часот во Штипско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи изрекоа вкупно 55 санкции за помали прекршоци и кривични дела.
Контролата беше насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, квадрицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваа сообраќајните правила.
Од вкупниот број санкции, најголемиот број – 35, се однесува на управување со мотоцикл без заштитна кацига. Една мерка е изречена и за возење под дејство на алкохол, една за истечена возачка дозвола, како и три мерки за неприкажани регистарски таблички.