Македонија

Годишнина од херојската смрт на Ѓоко Лазаревски на браникот на родниот Лешок и Македонија

Навршија 24 години од загинувањето на полицискиот резервист додека го обезбедуваше повлекувањето на соселаните под оган од терористите на ОНА

На денешен ден во 2001 година својот живот на олтарот на татковината Македонија го положува еден од нејзините најхрабри синови во поновата македонска историја – полицискиот резервист Ѓокица Ѓоко Лазаревски.

Учесникот во југословенските војни претходно како војник на ЈНА во Вуковар, заедно со четворица соборци, препуштени сами на себе, успешно ги евакуираат селаните од родниот Лешок во соседното Жилче, одбивајќи ја наредбата за повлекување од полицискиот пункт.

По неколкудневна нерамноправна битка со далеку побројниот непријател од терористичката ОНА, бранејќи ги неродениот син, соселаните и Лешочкиот манастир, 30-годишниот Ѓоко загинува на 23 јули 2001 година во 16 часот, погоден во главата од рафал.

Терористите потоа влегуваат во селото и ја креваат во воздух главната манастирска црква „Свети Атанасиј“.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, што тешко ја погоди неговата мајка, вечното почивалиште на македонскиот херој е на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

„Не ве остава Ѓоко вас“ е последната порака од јунакот што во 2012 година постхумно е одликуван со медал за храброст од тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Лазаревски зад себе остави сопруга и син што не го дочека, а во 2014 година доби споменик во родниот Лешок.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top