Македонија

СДСМ удри и по Андреј Петров

Според СДСМ, во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров „сам се разоткрил“

СДСМ објави соопштение со напади врз својот поранешен истакнат функционер, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кого го нарекува „еден од главните промотори на иницијативата за „реформи” во СДСМ – Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0“.

Според СДСМ, во емисијата „Во Центар Андреј Петров сам се разоткрил“.

„Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, освојувајќи само тројца пратеници. Сега, истиот тој човек излегува и вели дека СДСМ е во „финале на едно фијаско” и дека „ниедна добра програма не може да победи катастрофално владеење”.

Петров отворено вели дека два пати разговарал со Венко Филипче, но дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори” – што значи дека претседателот Филипче не сака да прави што му вели оваа група која работи за Мицкоски – пишува СДСМ во соопштение.

Според СДСМ, „особено е цинично кога Петров вели дека Игор Ивановски е решението за брза консолидација на партијата и дека анкетите во членството покажуваат дека тој би победил на регуларни внатрепартиски избори.

„Сега сакаат да го наметнат Игор Ивановски Шема” преку притисок однадвор и со луѓе кои ја рушеа партијата во 2024, заедно со луѓе од ЗНАМ и некои членови на други партии, а не преку демократски процес во партијата“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Андреј Петров не е никаков реформатор, туку е дел од проблемот кој сега сака да се претстави како решение.

„Оваа иницијатива не е обид за реформа. Тоа е обид на луѓе кои директно учествуваа во поразот да се ребрендираат како спасители, додека во исто време ја напаѓаат партијата однадвор во момент на нејзина консолидација“ – пишува во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

Ристески: Се реализираат над 1200 проекти во сите општини: за автопатишта, училишта, болници и градинки

Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса.

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност – Целта е да добие институционална заштита

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“ истакна дека спроведувањето на овој закон е обврска на сите институции и оти неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра.

Најнови вести

To top