Спорт

Трамп му се јавил на Инфантино, но не му кажал што да прави за Балоган

Претседателот на САД потврди дека побарал од првиот човек на ФИФА да се преразгледа суспензијата на американскиот напаѓач

Ураганот од реакции низ целиот свет по одлуката без преседан на ФИФА да ја суспендира на една година забраната за настап на еден натпревар за американскиот репрезентативец Фоларин Балоган ја инспирира фотомонтажата на денот во која претседателот на САД, Доналд Трамп, е претставен како фудбалски судија на тековното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

Мотивот да се прикаже Трамп како човек во црно е неговата јавна благодарност до ФИФА за овој потег, што многумина ја протолкуваа како признание за влијание врз одлуката со која Балоган, по интервенција од ВАР, доби директен црвен картон за газењето врз глуждот на Тарик Мухаремовиќ од Босна и Херцеговина во мечот од 1/16-финалето.

„Сè што направив беше да побарам преразгледување. Не реков: ‘Мора да го направиш ова’“, рече Трамп, додавајќи дека „не мислел дека е фаул“.

Трамп, исто така, се осврна на инцидентот како на „двајца момци кои трчаа со полна брзина и се судрија еден со друг“.

Тој продолжи: „Тој (Балоган – н.з.) не направи ништо погрешно“.

Трамп, исто така, потврди дека лично го контактирал претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да побара преразгледување на одлуката за црвениот картон на Балоган.

„Не му кажав што да прави; не можам да му кажам што да прави“, рече Трамп за време на настан во Овалната соба, додавајќи дека независен комитет „донел правилна одлука“.

Трамп има блиски односи со Инфантино, кој во декември минатата година при ждрепката за групите на СП во Вашингтон на шефот на американската држава му ја додели новововедената „Награда за мир“ на ФИФА, а двајцата заедно ќе го доделат и пехарот на новиот светски шампион.

Најнови вести од: Спорт

Македонските кошаркари со максимални шест победи ги завршија европските претквалификации

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако вечерва триумфираше и на гостувањето во Луксембург со 80:66 и со шест победи во исто толку натпревари убедливо го освои првото место во групата „А“

To top