Македонија

Мечка се шета низ гостиварско село (ВИДЕО)

Ловечкото друштво ДРЕНИ повикува на претпазливост

Мечка беше забележана во дворот на семејна куќа во гостиварското село Дебреш. Снимките од безбедносните камери јасно покажуваат како животното ја прескокнува оградата и трча низ тревата.

Околу петнаесетина минути подоцна, на друга снимка, мечката се гледа како поминува низ празен паркинг.

Ловечкото друштво „ДРЕНИ“ од Дебреш веднаш упати апел до жителите да бидат особено внимателни, особено навечер и во текот на ноќта.

Од друштвото ги повикаа граѓаните да не ги оставаат децата сами надвор, да внимаваат на постарите лица и во никој случај да не ѝ се приближуваат на мечката доколку ја забележат.

„Доколку забележите мечка, не ѝ се приближувајте и не се обидувајте да ја вознемирувате“, предупредуваат од ловечкото друштво.

Граѓаните што ќе го забележат животното треба веднаш да ја известат полицијата или да се јават во ловечкото друштво на телефонскиот број 070 360 333.

Од „ДРЕНИ“ нагласуваат дека безбедноста на жителите, особено на децата и постарите лица, е приоритет и дека се подготвени да соработуваат со надлежните институции.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top