Регион

Ескалација на протестите во Тирана, молотов коктел врз канцеларијата на Рама

Полицијата одговори со солзавец и водени топови врз демонстрантите што бараат оставка на албанскиот премиер

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траеше околу два часа, а ситуацијата повторно ескалираше откако еден демонстрант фрли молотов коктел кон зградата.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови, објави „Еуроњуз Албанија“.

Потоа демонстрантите фрлаа камења врз полицијата, а според прелиминарните информации, полицајците пукаа и со гумени куршуми.

Откако полициските сили ги растераа од булеварот „Дешморет е Комбит“, демонстрантите се разотидоа во неколку правци и продолжија да се собираат по околните улици и на плоштадот „Скендербег“.

Некои групи запалија канти за ѓубре и ги оставија на средина од патот за да го блокираат движењето на полициските возила.
Булеварот „Дешморет е Комбит“ беше испразнет, ​​а во тој дел од градот останаа само полициски сили.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top