Денеска во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладнево ќе има услови за локална појава на нестабилност, односно за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје: Сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според синоптичарите, следува период на топло и стабилно време со дневна температура во пораст.