Македонија

ВМРО-ДМПНЕ прифаќа сѐ, што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нејзиниот став да може да гласа дијаспората

Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори – истакна денеска во изјава за медиумите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии околу Изборниот законик.

„Ние укажавме дека гласањето треба да се регулира со подзаконски акт кој ќе биде донесен на Државната изборна комисија до крајот на 30.9.2028 година. Од политичките партии кои се од опозицијата бевме информирани дека нема промена на ставовите. Ние како коалиција заедно со ВРЕДИ и со ЗНАМ, понудивме еден друг модел, којшто сметаме дека треба да биде прифатен, бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од тоа што може сега. И ние понудивме вака – да седнат политичките партии коишто се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДСМ, Левица, како и некои помали политички партии, и меѓу себе да се договорат за сите различности што ги имаат, отприлика четири клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи, и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме“, рече Стојановски.

Тој нагласи дека ова е заедничко барање на сите владини коалициски партнери. „ Ние имаме секако различни ставови за повеќе прашања, но кога доаѓаме до еден суштински национален интерес, знаеме како тие барања да ги некако инкорпорираме во интерес на коалицијата. Ова барање е заедничко барање и на ЗНАМ и на ВРЕДИ“, рече Стојановски. Потенцираше дека не се договориле за никакви рокови до кога опозициските партии треба да дадат одговор на барањето на владините политички партии.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство

Вонредни локални избори во селската општина Брвеница, во Тетовско, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. 

Ќоку: За Вреди е важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

За нас е важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

Утре средба Мицкоски – Кос: Во фокус европската интеграција и реформите

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре, на 8 јули 2026 година во 12 часот и 10 минути ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Најнови вести

To top