Македонија

Македонските новинари добија нов Кодекс по повеќе од дваесет години

Посилна заштита на приватноста и јавниот интерес

Македонската новинарска заедница доби нов Кодекс на новинарите, прв по повеќе од дваесет години, со кој се воведуваат современи етички правила за работата на медиумите во услови на дигитален развој, социјални мрежи и сè поширока употреба на вештачката интелигенција. Документот е подготвен од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ).

Една од најзначајните измени е воведувањето правила за користење на вештачката интелигенција во новинарството. Според Кодексот, технологијата може да помогне во работата, но не смее да ја преземе одговорноста на новинарот. Доколку текст, фотографија, видео или аудиоматеријал е создаден или значително изменет со помош на вештачка интелигенција, тоа треба јасно да биде означено кога е важно за правилното информирање на јавноста.

Новиот Кодекс истовремено прави јасна разлика меѓу јавниот интерес и интересот на јавноста. Се потенцира дека високата читаност или желбата за повеќе кликови не се доволна причина за нарушување на приватноста. Објавувањето информации од приватниот живот е оправдано само кога тие се од суштинско значење за откривање злоупотреби, корупција или други прашања од јавен интерес.

Документот воведува и нови правила за исправките на веќе објавените содржини. Наместо незабележливо менување на текстовите, медиумите ќе треба јавно да ги означуваат сите значајни измени, со што читателите ќе знаат што е коригирано и кога е направена промената.

Посебен акцент е ставен и на конфликтот на интереси. Кодексот бара новинарите да бидат независни од политички, деловни и други влијанија што би можеле да ја нарушат нивната професионална објективност и кредибилитет.

Дополнително се зајакнуваат правилата за известување за ранливите категории граѓани. При известување за деца, жртви на насилство, лица со попреченост и други чувствителни случаи, медиумите треба да покажат особена внимателност и да го почитуваат достоинството на лицата за кои известуваат.

Нови насоки се воведуваат и за известувањето за самоубиства и обиди за самоубиство. Кодексот препорачува да не се користат сензационалистички наслови, ниту да се објавуваат детали за начинот на извршување, со цел да се избегнат можни негативни последици врз јавноста.

Исто така, употребата на тајно снимени материјали останува дозволена само во исклучителни случаи, кога постои силен јавен интерес, кога информацијата не може да се обезбеди на друг начин и кога станува збор за откривање сериозни злоупотреби или незаконски постапки.

Иако Кодексот нема законска сила и не предвидува санкции, тој претставува професионален стандард што треба да ја зајакне довербата во медиумите и да обезбеди поодговорно, потранспарентно и поетичко новинарство во услови на брзи технолошки промени. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top