Македонија

Видео на денот: Колумбиецот Јанко со „Велат нè нема“ среде Солун

Вљубеникот во македонската музика потсети на Фејсбук на изведбата на патриотската песна од Влатко Миладиноски во Грција

Колумбискиот вљубеник во Македонија и во македонската музика Јанко Пењафорт со нов подвиг во видеото на денот – заедно со својата група „ВардарАнди“ ја испеаја патриотската песна „Велат нè нема“ од Влатко Миладиноски пред грчкиот ресторан „Солун“ во истоимениот град.

„Кога една песна ја носи Македонија подалеку од границите“, напиша тој на својот профил на Фејсбук над снимката од перформансот пред ресторанот во самиот центар на Солун, во познатиот историски и боемски кварт Лададика.

Видеото првпат објавено во септември минатата година на линкот.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top