Македонија

Сончево и топло време денеска, температури до 34 степени

Во Скопје максимална температура од 34 степени

Денеска низ поголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.

Во Скопје денеска исто така ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, со минимална температура од 15 и максимална до 34 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во сабота ќе продолжи сончевото и топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во недела се очекуваат услови за нестабилност – ќе има пороен дожд и грмежи, придружени со умерен до засилен ветер, претежно од северозападен правец.

Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни особено во недела поради можни изненадни врнежи и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top