Израел ја предупредил американската администрација дека Иран наводно подготвува атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.
Според извештаите, иранското раководство неодамна го изработило планот за атентатот. Американските власти во последните недели добивале повеќе слични предупредувања, но ова од Израел е ново и содржи конкретни детали.
Еден американски функционер изјавил за Си-Ен-Ен дека предупредувањето може да биде и обид да се влијае врз одлуките на Трамп во врска со тековната војна со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна инсистираше на поостар став кон Техеран, што доведе до несогласувања со американскиот претседател.
Трамп самиот ги подгреа шпекулациите за безбедносни закани откако на враќањето од Самитот на НАТО во Анкара не го искористи новиот Air Force One, како што се очекуваше.
„Јас сум прв на иранскиот список за отстрел“, изјавил Трамп, без дополнителни детали.
Посетата на израелското предупредување доаѓа во време на висока тензија во регионот и интензивни дипломатски активности околу иранското прашање.
Засега нема официјална реакција од Белата куќа или од иранските власти.