Свет

Шекеринска: Путин не може да очекува дека ние ќе се предадеме и ќе ја оставиме Украина (ВИДЕО)

Шекеринска со порака до Путин

Најмоќната воена алијанса во светот останува цврста во својата поддршка за Украина и нема да му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да ја оствари својата цел преку исцрпување на западната помош. Ова е главната порака што произлегува од одлуките на Самитот на НАТО во Анкара, истакна Радмила Шекеринска во ексклузивно интервју за 4tv.mk.

„Клучната порака е дека Путин не може да очекува дека ние ќе се предадеме и дека Украина ќе мора да крене раце поради тоа што нема да има поддршка. Нашата цел е со ваквите пораки да обезбедиме шанси за вистински преговори. Преговори кои ќе обезбедат долгорочен мир“, децидна е Шекеринска.

Таа нагласи дека континуираната финансиска и воена помош за Киев не е само израз на солидарност, туку и директен инструмент за притисок врз Москва.

„Тоа нема да биде како во 2014 година – крај на една епизода, а потоа почеток на уште поголема војна. Туку тие преговори ќе бидат основа за мир кој ќе го стабилизира целиот континент“, порача таа.

Шекеринска додаде дека земјите-членки на НАТО се целосно свесни дека евентуалното наградување на агресијата кон соседите би создало опасен преседан. Затоа, Алијансата останува доследна на својата основна определба – да функционира како одбранбен сојуз кој безкомпромисно ја штити безбедноста на своите членки.

Интервјуто со Радмила Шекеринска е реализирано на Самитот на НАТО во Анкара, Турција.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 50 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

Најнови вести

To top