Свет

Се судрија два воза, најмалку 46 загинати (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделуваат стравични снимки од несречата

Два брзи воза за големи се судрија во Шпанија утрово, поради што е запрен сообраќајот на железничката линија што ги поврзува Мадрид и Андалузија – регион во јужниот дел на земјата – пренесува Ројтерс.

„Сообраќајот на железничката линија за големи брзини Мадрид – Андалузија е во прекин по судирот во кој еден воз удрил во задниот дел од друг воз“, соопшти железничкиот оператор „Адиф“ (Adif) на социјалната мрежа X.

Очевидци известуваат за голем број повредени, а на местото на настанот пристигнаа екипи на итната медицинска помош.

Според весникот „Ел Паис“ (*El País*), два вагони од возовите вклучени во несреќата излетале од шините и се превртеле по насипот.

Властите предупредуваат дека бројката од најмалку 46 загинати, не е конечна и се стравува дека ќе расте

Според првичните информации, инцидентот се случил веднаш по 9:00 часот по локално време, помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.

Годинава, во Шпанија се случија неколку сериозни железнички несреќи.

На 18 јануари оваа година, 45 лица загинаа, а повеќе од 150 беа повредени во судир на два воза во близина на градот Адамуз, во покраината Кордоба. Ова беше една од најсмртоносните железнички несреќи во цела Европа.

Само неколку дена подоцна, патнички воз излета од шините откако, за време на обилни дождови, потпорен ѕид се урна врз пругата во близина на Барселона. Машиновозачот загина, а четворица патници се сериозно повредени.

 

 

Најнови вести од: Свет

To top