Бизнис

Собранието ги усвои измените на Законот за финансиски лизинг

Измените, исто така, ги вклучуваат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во делот на спречување перење пари и финансирање тероризам.

Поголема заштита за корисниците, построги правила за компаниите и зголемена транспарентност во работењето предвидуваат измените на Законот за финансиски лизинг, кои беа усвоени во Собранието.

Новите законски решенија се дел од реформските активности на Министерството за финансии во рамки на Реформската агенда и имаат за цел усогласување на домашната регулатива со европските стандарди.

Со измените се воведуваат појасни правила за склучување на договори за финансиски лизинг. Давателите на лизинг ќе бидат обврзани прецизно да ги наведуваат сите трошоци и надоместоци поврзани со услугата. Дополнително, се овозможува склучување на договори и во електронска форма, согласно прописите за електронски документи и идентификација.

Корисниците ќе добијат право во секое време целосно или делумно да ги отплатат преостанатите обврски без дополнителни трошоци, со што значително ќе се намалат вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот.

„Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот“, велат од Министерството за финансии.

Новите правила предвидуваат и дека давателите на финансиски лизинг нема да можат да го користат предметот на лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот, која треба да биде дадена пред нотар во посебен документ.

Со измените се зголемува и транспарентноста на компаниите преку обврска за јавно објавување на годишните финансиски извештаи заедно со мислењата на овластените ревизори. Минималниот износ на основната главнина се зголемува од 6 на 30 милиони денари, со цел поголема финансиска стабилност на лизинг-компаниите.

Измените, исто така, ги вклучуваат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во делот на спречување перење пари и финансирање тероризам.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top