Македонија

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката во ЕУ преку Хрватскa

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката во ЕУ преку Хрватска. Се работи на заеднички систем за елкторнска евиденција на царина. Отстранување на хартијата и воведување дигитлани документи се приоритет за ползување на вавките придобивки. Македонските транспорни компании ќе добијат обука за пополнување и користење електорнски транспортни листови од страна на Сојзуот на стопанските комори. Ова се само дел од заклучоците од состанокот на првите луѓе на Хрватска и Македонската Царина во Загреб.

„Со оваа средба, испраќаме и силна порака: дека институциите навистина се сервис на економијата. Дека границите треба да бидат место на контрола на ризикот, а не бариера за легалната трговија. Царинските администрации од регионот и Европската Унија можат да работат како вистински партнери во интерес на економијата, конкурентноста и интеграцијата на нашите пазари. Оваа иницијатива ќе ја преточиме во конкретна оперативна соработка која треба да донесе мерливи резултати за економските оператори, компаниите, транспортерите и граѓаните на двете држави“, потенцира Бобан Николов, директорот на македонската царина.

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката во ЕУ преку Хрватска. Се работи на заеднички систем за елкторнска евиденција на царина. Отстранување на хартијата и воведување дигитлани документи се приоритет за ползување на вавките придобивки. Македонските транспорни компании ќе добијат обука за пополнување и користење електорнски транспортни листови од страна на Сојзуот на стопанските комори. Ова се само дел од заклучоците од состанокот на првите луѓе на Хрватска и Македонската Царина во Загреб.

Домаќинот, хрвастката царина во целост се става на располагање на македонските транспортери кои ќе можат побрзо да ја минуваат границата на ЕУ.

“Нашата цел е да изградиме партнерски однос со стопанството од двете земји, заснован на доверба, транспарентност и постојана комуникација, а денешната средба претставува одлична основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Хрватска и Македонија. Ефикасната соработка помеѓу двете Царини ќе биде основа за развој на економиите на двете земји“, изјави Марио Демировиќ, директор на хрватската царина.

Од Сојузот на стопанските комори на Македонија најавија дека тие веќе следниот месец ќе организираат обуки за транспортерите да бидат подготвени за примена на дигиталните алатки.

Сојзуот на стопанските комори преку програмата Хелветас Рекономи прво ќе организира тренер за тренери, а тоа значи за три нивоа на транспортни компании, односно три нивоа на луѓе кои работат во тие транспортни компании, едната обука ќе биде за менаџери, втората ќе биде за средно ниво за менаџмент или диспечери, а третото ниво ќе биде за шофери. И тиа обуки ќе се одвиваат во текот на месец август и септември оваа година. Така да со тоа можеме да кажеме дека нашите транспортери, нашите транспортни компании ќе бидат сосема спремни за таа дигитална писменост и управување со електронските транспортни документи, изјави Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССК.

На состанокот станало збор и за дозволите на македонските транспортери за влрез и излез од Европската Унија. Иако тоа не е во надлежност на царините, сепак тие очекуваат преку дипломатијата да се забрзаат овие процедури и во скоро време македонските возачи да ја надминат и оваа бариера за ограничување на престојот во ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top