Македонија

Општина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“

Ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција

Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“. Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт.

„Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски.

Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена.

Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина.

Најнови вести од: Македонија

Студентските домови добиваат нови правила – Возрасна граница до 30 години и строги казни за прекршителите

Од една до пет години забрана за живеење во студентски дом ќе добијат студентите кои од октомври ќе бидат фатени како консумираат алкохол во соба или како го уништуваат инвентарот во собата.

Макпетрол со прирачници ќе помага во справувањето со врсничкото насилство

Прирачниците со цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk

Предвидените технологии за рудникот Иловица се безбедни за примена, велат експертите

Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ упати и писмо до институциите во кое наведе дека нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанца во постапката за експлоатација. Отпадна и дел од проектот кој предвидуваше хидројаловиште, туку се планира „суво јаловиште за одложување на јаловината со најсовремени технологии кое нема да ги загрозува подземните води“.

To top