Македонија

Макпетрол со прирачници ќе помага во справувањето со врсничкото насилство

Прирачниците со цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk

На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само во училиштата, туку и за родителите, учениците, стручната јавност и за сите граѓани што сакаат подобро да го разберат и препознаат проблемот со булингот.

Во соработка со Министерството за образование и наука, сите прирачници веќе се дистрибуирани до основните училишта низ земјата. Материјалот е достапен на македонски, албански, турски, српски и на босански јазик, а е подготвен од психологот Деспина Стојановска, врз основа на директна работа со учениците во рамки на едукативните работилници од кампањата.

„Со тоа што прирачниците ќе бидат достапни и онлајн, сакаме оваа содржина да стигне до што повеќе луѓе. Врсничкото насилство не е тема што ги засега само училиштата, туку и семејствата и целата заедница. Затоа е важно практичните насоки, искуствата од терен и стручната поддршка да бидат лесно достапни за секој што има потреба од нив “, велат од компанијата.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ во изминатите две години значително го зголеми интересот на јавноста за овој сериозен проблем. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини беа одржани 620 работилници, на кои присуствуваа над 18 000 ученици. Дополнително, беа организирани и 17 работилници за родители, со повеќе од 3000 учесници, два големи отворени настани, а беа испечатени и доставени едукативни материјали во над 10 000 примероци.

Интернет-страницата kreniglas.mk и натаму функционира како платформа што содржи информации за подобро разбирање на проблемот со булингот.

Најнови вести од: Македонија

Студентските домови добиваат нови правила – Возрасна граница до 30 години и строги казни за прекршителите

Од една до пет години забрана за живеење во студентски дом ќе добијат студентите кои од октомври ќе бидат фатени како консумираат алкохол во соба или како го уништуваат инвентарот во собата.

Предвидените технологии за рудникот Иловица се безбедни за примена, велат експертите

Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ упати и писмо до институциите во кое наведе дека нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанца во постапката за експлоатација. Отпадна и дел од проектот кој предвидуваше хидројаловиште, туку се планира „суво јаловиште за одложување на јаловината со најсовремени технологии кое нема да ги загрозува подземните води“.

To top