Македонија

Алиу очекува законот против пушењето да биде усвоен наскоро

Алиу: Законот е многу важен за здравјето на граѓаните

Предлог-законот против пушењето веќе е во собраниска процедура, во второ читање, а за него се поднесени осум амандмани. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да стапи во сила во рок од две до три недели.

„Формиравме експертска група која ќе ги разгледа амандманите и ќе даде мислење за нив. Новиот министер треба да ги достави следната недела, за законот да ја помине таа фаза и да биде ставен на гласање на пленарна седница. Сметам дека за две до три недели ќе стане дел од нашиот законодавен систем, бидејќи е навистина многу важен за здравјето на нашите граѓани“, изјави Алиу.

Во врска со недостигот на тимови за итна медицинска помош, Алиу оцени дека станува збор за светски тренд, додавајќи дека се очекува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да ја одобри новата студиска програма.

„Очекуваме одговор од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Сенатот, за новата студиска програма да биде одобрена. Станува збор за тригодишни студиски програми кои ќе овозможат тимовите да бидат пооптимални, подобро организирани и да обезбедат поголема предвидливост во итната медицинска грижа“, рече Алиу.

Ова Алиу го изјави по брифингот со новинарите, на неговата последна средба со медиумите како министер за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top