Хроника

Турски државјанин „летал“ со 203 км/ч на автопатот кај Гевгелија

Возачот од Турција со својот „мерцедес“ возел 83 км/ч над дозволеното ограничување на брзината

Вчера околу 15 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц. (46) за безобѕирно управување возило.

„При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Б.М и Ќ.С. од Корешница, Демиркапија добија 6 и 4 години затвор, поради грабнување и претепување жител на Неготино

Двајца жители на демиркапиското село Корешница се осудени на шест и четири години затвор за грабнување на жител на Неготино, одлучи Основниот суд во Кавадарци. Во текот на постапката, обвинението против првообвинетиот Б.М. било делумно изменето по извршеното психијатриско вештачење, кое покажало дека во моментот на делото бил во состојба на битно намалена пресметливост, поради трајно душевно заболување.

To top