Македонија

Американската агенција за храна и лекови ги вброи никотинските ќесички ZYN во категоријата производи со модифициран ризик

ZYN им се приклучи на одредени IQOS уреди и патрони од несогорлив тутун, за кои FDA исто така авторизираше користење на тврдење за намален ризик

Американската агенција за храна и лекови (FDA) донесе одлука 20 варијанти на никотинските ќесички ZYN да можат да се вбројат во никотински производи со модифициран ризик (Modified Risk Tobacco Product – MRTP), со што ZYN стана првиот и единствен производ од оваа категорија на производи на кој му е одобрено користење на тврдење за намален ризик во споредба со цигарите.

FDA заклучи дека достапните научни докази го поддржуваат тврдењето дека употребата на ZYN наместо цигари е поврзана со помал ризик од рак на усната празнина, срцеви заболувања, рак на белите дробови, мозочен удар, емфизем и хроничен бронхитис.

„Денешната одлука им овозможува на полнолетните корисници пристап до точни информации засновани на научни докази, вклучувајќи и докази кои ги авторизирала FDA, а кои покажуваат дека преминувањето од цигари на ZYN го намалува ризикот од заболувања поврзани со пушењето, како што се срцевите заболувања и ракот на белите дробови. Во исто време, таа го потврдува научно заснованиот пристап на FDA во проценката на производите долж спектарот на ризик и во транспарентното информирање на јавноста за резултатите од тие проценки“, изјави Стејси Кенеди, извршна директорка на Филип Морис Интернешнл – САД.

Одлуката на FDA дополнително укажува на разликата меѓу регулаторниот пристап што се применува во Соединетите Американски Држави, каде производите кои содржат никотин поминуваат низ детална научна проценка пред да бидат одобрени за пласирање на пазарот, и пристапот кој во одделни земји се заснова првенствено на забрани, без сеопфатна евалуација на научните докази.

FDA уште во јануари 2025 година, по обемна научна проценка, ја одобри комерцијализацијата на никотинските ќесички ZYN, што е одлука која оваа агенција ја носи кога, врз основа на доставените научни докази, ќе утврди дека пласирањето на производот на пазарот е „во согласност со принципите за заштита на јавното здравје“.

Сега ZYN им се приклучи на одредени IQOS уреди и патрони од несогорлив тутун, за кои FDA исто така авторизираше користење на тврдење за намален ризик.

Според FDA, никотинските ќесички како ZYN овозможуваат внесување никотин по орален пат, без согорување на тутун и без вдишување чад. Поради тоа, корисниците се изложени на значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни материи во споредба со пушењето цигари.

Најнови вести од: Македонија

Левица: СДСМ се против една изборна едница, очајнички обидувајќи се да се спаси од распаѓање!

„За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. СДСМ упорно одбива да одговори на прашањето: дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање!“ – нагласува Левица во своето соопштение.

Манасиевски: Дијаспората жртва на СДСМ, Левица и ДУИ

Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, споменатите избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници

To top