Македонија

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име. На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари.

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување. За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име. На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари.

Во периодот од 27.10.2023 до 14.06.2024 година тој не ја извршил својата службена должност со намера да прибави имотна корист за друг, односно за пилотот вработен во СОЗР. Иако лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот и со дополнителните обуки нема да ги исполни прифатливите стандарди потребни за летање со Лирџет 60, тој не го задолжил пилотот согласно Договорот за вработување да ги надомести трошоците за обуката и не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос. Пилотот продолжил да зема плата за работно место капетан-водач на воздухоплов, а со оваа злоупотреба на службената положба обвинетиот предизвикал штета на Буџетот од 5.431.624 денари, соопшти Обвинителството.

Кривичното дело Фалсификување службена исправа обвинетиот го извршил во постапките за јавни набавки за изнајмување на возила за превоз на делегации и за транспорт на цивилно население од Исламската Република Авганистан во земјава. Сите договори биле склучени со иста рент-а-кар фирма од Скопје, а во службените исправи – изјави за непостоење на судир на интереси, обвинетиот внел невистинити податоци дека нема приватен интерес при реализација на јавната набавка или каква било материјална или нематеријална корист. Наспроти ова, почнувајќи од периодот пред склучување на јавната набавка, за време и по престанокот на неговиот мандат, тој и неговата сопруга користеле возила без надомест од истата фирма за патувања во земјава и во странство.

Во овој дел истрага беше поведена и против сопственикот на правното лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Но од доказите прибавени во истражната постапка јавниот обвинител не утврди дека кај него постоела умисла да издејствува поволност при одлучувањето во конкретните тендери преку давање возила без надомест на сега обвинетиот. Од тие причини јавниот обвинител за ова лице донесе Наредба за запирање на истражната постапка.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top