Македонија

Стојаноски: Опозицијата го спречи усвојувањето на Изборниот законик

Македонија ќе загуби 4,2 милиони евра од ЕУ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за неусвојувањето на Изборниот законик во законскиот рок, оценувајќи дека со тоа државата ќе остане без 4,2 милиони евра од европските средства.

Во објава на Фејсбук, Стојаноски посочи дека денеска, 15 јули, е последниот рок за усвојување на Изборниот законик, но дека веќе е извесно оти законските измени нема да бидат донесени.

„Денеска е 15-ти јули, последниот рок за усвојувањето на Изборниот законик кој е јасно дека нема да биде усвоен. И покрај тоа што за мнозинството сите услови што ги постави опозицијата беа прифатени, опозицијата не се договори за заеднички прифатлив текст“, напиша Стојаноски.

Според него, заради ова однесување Македонија нема да има 10/10 исполнети обврски и ќе загуби 4,2 милиони евра – пари со кои што ќе можеше да се реализираат повеќе проекти.

„Да остане забележано кој застанал против дијаспората и против граѓаните на Република Македонија“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top