Македонија

(Фото+Видео): Спречен обид за криумчарење 2.000 парчиња медицински препарати

Цариниците со нова заплена, скриена во кабината на возилото.

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото, соопштуваат од Царинската управа.

  • Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик. Сторителот, косовски државјанин, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација Турција – Косово и истиот е застанат за контрола од страна мобилниот тим на граничен премин Деве Баир. На прашањето дали има нешто за пријавување освен стоката што е декларирана, возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, по што, поради сомневање е спроведена детална контрола – нагласуваат во објавата. 

Потоа додаваат дека вијалите, вкупно две илјади парчиња, спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.

  • Апелираме дека секој обид за загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Медицинските препарати, во случајот вијали со раствор „Гадонанс 7.5 мл“ кој се инјектира венски при магнетна резонанца, подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани температурни и безбедносни услови за чување и транспорт. Годинава Царинска управа спречи 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати – посочуваат на крајот од објавата. 

Најнови вести од: Македонија

ПОЦ должи 1,4 милиони евра за комунална такса

Државниот завод за ревизија до надлежните институции и одговорните лица упатил препораки за отстранување на утврдените неправилности и подобрување на финансиското управување и законитоста во работењето на претпријатието. 

Преку партнерство до решенија за економски раст и подобри услови за работа, велат од Владата

Предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката посветуваат значително внимание на поврзувањето на високото образование со реалните потреби на стопанството.

На покана од Рубио Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ – можност за продлабочување на соработката со САД

На покана на американскиот државен секретар Марко Рубио министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон. Ќе учествува на министерска конференција, посветена на заканите од политичкиот тероризам.

Дурмиши: Дел од трговците ги зголемиле маржите наместо да ги намалат цените

Контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале значителни отстапувања во формирањето на цените во трговијата на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена изнесувал 2,66 проценти, додека продажните цени во маркетите се зголемиле за 4,56 проценти. Овие податоци ги презентираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет.

Започна измената на законот за студентски стандард, со кој во студентските домови ќе има места само за студенти до 30 години

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Вреди: Каде завршија милионите евра од ЕУ-фондовите за канализацијата во Кичево?! Обвинителството да ја истражи коруптивната улога на ДУИ!

Кои компании поврзани со Дрин Ахмети биле ангажирани во проектот, како фирми поврзани со семејството Ахмети се нашле во проект финансиран со европски и државни пари, дали некој од функционерите на ДУИ влијаел врз изборот на компаниите, зошто жителите на Зајас сè уште немаат канализација, праша денеска Фатон Фазлиу од Вреди. Дваесет и четири години ДУИ не направи канализација за жителите на Зајас, а сега и знаеме зошто – поради корупција, нагласи Фазлиу.

To top