Македонија

ПОЦ должи 1,4 милиони евра за комунална такса

Државниот завод за ревизија до надлежните институции и одговорните лица упатил препораки за отстранување на утврдените неправилности и подобрување на финансиското управување и законитоста во работењето на претпријатието. 

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година, поради што изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива. Ревизијата констатирала дека претпријатието несоодветно ја евидентирало опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни конструкции, киоск системи и друга урбана опрема, при што не е пресметана амортизација на материјалните средства ставени во употреба во текот на 2024 година. Овие пропусти, според ревизорите, влијаат врз финансискиот резултат и веродостојноста на финансиските извештаи.

  • „ЈП Паркинзи на Општина Центар Скопје има искажано побарувања во износ од 80.120.000 денари, односно 1.302.764 евра, од кои 20.414.000 денари односно 331.935 евра се постари од шест години што претставуваат 25% од вкупните побарувања, за кои не се преземени навремени активности за наплата и не е извршено обезвреднување за оние за кои постои објективен доказ дека претпријатието нема да може да ги наплати“, се наведува во соопштението од ДЗР.

Ревизијата утврдила дека во текот на 2024 година извршен е отпис на побарувања во износ од 2.221.000 денари за физички лица за кои не е пресметан и платен данок на личен доход во износ од 247.000 денари, што има за ефект помалку уплатени средства во Буџетот на државата. Според ДЗР, не е извршен попис на дел од средствата, побарувањата и обврските, состојбите не се потврдени со соодветни постапки и утврдено е несогласување кај средствата во благајната, а пописната комисија нема изготвено извештај за извршениот попис. Констатирано е дека јавното претпријатие нема донесено сметководствени политики за изготвување, презентирање и обелоденување на финансиските извештаи, завршните книжења за 2024 година не се спроведени во пропишаниот рок, а трговските книги не се заклучени и овозможуваат ретроактивни промени.

  • „Заклучно со 2024 година, јавното претпријатие има искажано обврски за комунална такса во износ од 86.363.000 денари односно 1.404.276 евра, кои не се уплатени во Буџетот на Општина Центар, и најголем дел (79.047.000 денари) се однесуваат на периодот од 2019 до 2023 година“, се наведува во соопштението.

Констатирани се и неправилности во пресметката и исплатата на платите и надоместоците поради примена на правилник кој не е усогласен со законските прописи и Општиот колективен договор за јавниот сектор. Ревизијата открила слабости во благајничкото работење, меѓу кои отсуство на интерен акт за управување со готовинските средства, неводење благајнички дневник, некомплетна документација и непреземени мерки за обезбедување на готовината. Внатрешната ревизија, според ДЗР, не била организирана во соодветен организациски облик и не била пополнета со потребниот број внатрешни ревизори, поради што не се донесени стратешки и годишен план за внатрешна ревизија за 2024 година.

  • „Утврдени се слабости во постапките за доделување договори за јавни набавки во вкупен износ од 4.590.000 денари, со реализација во 2024 година од 2.589.000 денари. Во дел од постапките се поставени несразмерни услови за учество, прифатени се понуди над проценетата вредност без соодветна анализа и обезбедени средства, известувањата за склучени и реализирани договори не се поставувани во законски рок на ЕСЈН, техничките спецификации не се јасно и недвосмислено дефинирани, а на поставени прашања од економски оператори не е одговорено“, се наведува во соопштението.

Државниот завод за ревизија до надлежните институции и одговорните лица упатил препораки за отстранување на утврдените неправилности и подобрување на финансиското управување и законитоста во работењето на претпријатието. 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top