Македонија

Јавните претпријатија со милионски загуби, како да се надмине проблемот?!

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, на првите три места со најголеми загуби во земјава лани биле три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“. Само скопски „Водовод“ имал загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра.

Последното истражување за долговите на локалните јавни претпријатија на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)покажа дека тие се дават во долгови, иако не стигнуваат до огромните суми за кои во екот на изборите говореше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Според податоците на ЦГК, на крајот на 2024 година, скопските јавни претпријатија должеле околу 90 милиони евра, во вид на т.н. краткорочни побарувања, од кои повеќе од половината ги направило „Водовод и канализација“. Градоначалникот на Скопје, пак, непосредно по преземањето на функцијата изјави дека јавните претпријатија должат 300 милиони евра, без да прецизира што сè вклучува овој долг.

Рекордер по долгови е скопскиот „Водовод“, кој ланската година ја завршил со долг од 53 милиони евра, што е двојно повеќе од неговиот годишен приход. Инаку, краткорочните побарувања се главно долговите што претпријатијата ги имаат кон своите набавувачи и кои, ако не се платат навреме, може да бидат оптужени, па претпријатието ризикува блокада на сметката.

Оттука, меѓу првите чекори на новата градска администрација во Скопје беше смената на раководствата во најзадолжените претпријатија. Минатиот месец, „Водовод“ доби нов директор – петти по ред во последните три години.

„Водовод“ има огромни губитоци вода, па само лани не биле фактурирани 60 проценти од водата што влегла во водоводниот систем, покажа последниот годишен извештај на претпријатието. Во него е забележано и дека огромни трошоци имало за струја, бидејќи цело лето морало да пумпаат вода од бунарите.

„Водовод“, ланската година ја затворил и со загуба од 4 милиони евра, со што се најде на самиот врв и на листата на загубари меѓу локалните јавни претпријатија.

„Инфлацијата расте, платите растат, струјата е огромен проблем, материјалите се поскапени, а цената на водата е непроменета со години. Невозможно е вака да работат јавните претпријатија“, вели Митровски.

Со сличен проблем се соочува и ЈСП Скопје, чија цена на билетите последен пат беше променета во 2016 година. И ова претпријатие е на врвот на должници и ланската година ја завршило со долг од 16 милиони евра. Резултатот од ваквото работење беше небезбедни автобуси што доцнат со часови, неподносливи метежи и граѓани што не можат да стигнат од еден до друг дел од градот.

Инвестиции не се правеле ниту во скопски „Комуналец“, претпријатието поради чија неажурност, главниот град се давеше во отпад, состојба што кулминираше непосредно пред локалните избори. Тоа, годината ја завршило со долг од над 8 милиони евра.

На ниво на држава, пак, 126 од 128-те локални јавни претпријатија, колку што ги има во земјава, забележале вкупен долг од 193 милиони евра, покажа истражувањето на ЦГК. Сумите за овие побарувања се различни од претпријатие до претпријатие и се движат од неколку илјади до десетици милиони евра.

Локалните јавни претпријатија се основани од општините или од Градот Скопје и главно се занимаваат со комунални услуги, од собирање ѓубре или дистрибуција на вода, па сè до обележување и наплаќање паркинг.

Дури 40 отсто од вкупниот долг го направиле само десет од нив. Освен скопските претпријатија, меѓу десетте најголеми должници се вбројуваат и водоводите во Кавадарци, Струга и во Охрид, но и комуналните претпријатија од Тетово и од Струмица.

ЦГК ги анализирале и завршните годишни сметки на локалните претпријатија, кои, пак, покажуваат дека повеќе од половината од нив работеле со загуби. Ланската година биле во минус од вкупно 17 милиони евра, а само десетте најлоши претпријатија прикажале дури 77 отсто од вкупните загуби.

На првите три места со најголеми загуби во земјава се три скопски јавни претпријатија – „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена.“ На четврто и петто место се битолскиот „Водовод“ и „Комуналец.“

Најнови вести од: Македонија

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во својата научна статија со наслов „ 3.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Најнови вести

To top