Македонија

Македонските судови одлучија дека комуникациите од заштитената „Скај“ се докази во борба против организиран криминал

Преку случај на шверц на кокаин скриен меѓу тегли со пиперки

Со две правосилни пресуди, скопскиот Апелационен суд ги потврди за веродостојни и законски прибавени докази, комуникациите меѓу припадниците на групата Грчец преку дигиталната апликација Скај. (SkyECC). Првата пресуда за Дритон Ибиши кого судот го нарекува и по прекарот „Тони Барселона“ е донесена на 18-ти мај, а се однесува на запленета дрога во Ротердам во 2020-тата година, на 105 килограми кокаин набавен во Перу и сокриен меѓу тегли со пиперки. Во судските одлуки на кривичниот и апелациониот суд е цитирана и комуникација добиена од Франција каде беа запленети клоудите со податоци од Скај.

„ Сега каде што ги ставивме се 6 контејнери со тегли со пиперки, 6 контејнери, во едното сме ги ставиле ние и седмиот е така со праз, ама јас намерно ги ставив кај тоа со пиперките, ме сфаќаш, бидејќи 6 се, се исти, сите се за една фирма“ – Во овој контекст, судот имаше предвид дека на обвинетиот Дритон Ибиши му е испратена фотографија од тегла со пиперки“, извадок од пресуди на Кривичен и Апелационен суд во Скопје.

Апелација и кривичниот суд утврдиле дека доказите се законски прибавени преку легални претреси во Франција и преку договори за меѓународна правна помош и дополнително тие комуниакции биле поткрепени и со други материјални докази. Ибиши викан и Тони Барселона е осуден правосилно на 7 години затвор односно Апелација му ја намалила казната но останала на тврдењето дека е виновен иако одбраната со вештачење тврдела дека ниту може да се проверат наводите на француските служби и истражни органи за Скај комуникациите ниту пак можело да биде испрашан авторот на тие информации.

„Судот ја имаше во предвид, но не ја прифати одбраната на обвинетиот дека според сите европски стандарди и закони, авторот на извештајот мора да биде непосредно сослушан во судот и да и биде дадено право на одбраната за вкрстено испитување. Судот не ја прифати ваквата одбрана бидејќи извештаите од комуникацијата се чисто фактички документи, а не се проценка или заклучок“, извадок од пресуда на Кривичен суд.

Македонските судови сметале дека во борбата со организираниот криминал, доказите од Скај комуникацијата не треба да се гледаат како кршење на приватноста. За разлика од нив, одбраната смета дека тие се и несоодветно прибавени од друга држава и не може да се проверат во судски постапки. SkyEEC е апликација често користена од криминални структури, но и од други поединци бидејќи преку специјални телфонски апарати обезбедувале тајност на комуникацијата која можеле да ја читаат само испраќачот и примачот. По повеќе истраги во западна Европа, беа запленети дигиталните складови на фирмата Скај во кои беа најдени илјадници комуникации меѓу криминални групи, а дел од нив се однесуваа и на македонската група Грчец.

Најнови вести од: Македонија

ПОЦ должи 1,4 милиони евра за комунална такса

Државниот завод за ревизија до надлежните институции и одговорните лица упатил препораки за отстранување на утврдените неправилности и подобрување на финансиското управување и законитоста во работењето на претпријатието. 

To top