Македонија

Изложба на уметнички дела на Касиопеја Наумоска во Општина Карпош

Општина Карпош

Во фоајето на Општина Карпош денес беше отворена изложбата на академската сликарка Касиопеја Наумоска, на која се претставени 12 авторски дела што го отсликуваат нејзиниот автентичен уметнички израз. На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој истакна дека за Општината претставува чест да биде домаќин на ваков културен настан и да им овозможи простор за промоција на домашните уметници.

 

„Преку своите дела, Касиопеја Наумоска ни го претставува својот препознатлив уметнички израз. Изложбата ќе биде отворена во текот на наредната недела и ги поканувам сите граѓани да ја посетат. Заедно да продолжиме да ја негуваме уметноста како важен дел од културниот идентитет на Карпош“, истакна Лукровски. Изложбата ќе биде отворена за посетители во текот на наредната недела, а влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани.

Општина Карпош континуирано обезбедува финансиска и логистичка поддршка за културни проекти, уметници, културно-уметнички друштва и други иницијативи кои придонесуваат за развојот и збогатувањето на културниот живот во локалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

To top