Македонија

Охридскиот аеродром ќе биде готов до крајот на летото, како ќе изгледа?!

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото.

Охридскиот аеродром се очекува да биде завршен кон крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека реконструкцијата се одвива според утврдената динамика и оти прогресот е околу 80 до 90%.  Вели, се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро.

  • Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат. Паралелно од 15 август ќе почнат да работат надлежните институции пред се Агенцијата за цивилно воздухопловство, Контролата на летање, М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и МВР со цел аеродормот да е фунцкионален и да бидат постигнати сите безбедносни стандарди, изјави денеска Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Дебарца.

Со реконструкцијата, како што посочи, практично ќе се добие еден нов аеродром со нова административна зграда и нова терминална зграда што ќе значи многу повеќе место за слетување и полетување.

  • Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот период, рече вицепремиерот Николоски. 

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Утре ќе биде завршена микробиолошката анализа за Гостивар, граѓаните да се внимателни при високи температури

Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре. 

Што навистина ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени во Гостивар?!

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење.

To top