Хроника

Ѓорѓиевски го смени Букефал со 5 нозе: Кој работи тој греши

Градскиот татко на Скопје информира дека трошоците за смената на банерот ќе бидат на фирмата која била најмена за оваа задача


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го смени банерот со Букефал со 5 нозе, ја призна вината и порача дека кој работи тој греши.

Ѓорѓиевски реагира откако преходно објави видео од поставување на банер за добредојде го Скопје на кој се гледа коњ со 5 нозе.

,,Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка.

Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми.
Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните.

Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти.

Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат!

Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години.

Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.

И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ,,Улици и патишта”.

Најнови вести од: Хроника

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top