Македонија

Во Гостивар е прогласена епидемија

Министерот за здравство, Сашко Клековски, изјави дека трендот на новопријавени случаи сè уште не опаѓа, а бројката се движи меѓу 250 и 300 пациенти на дневно ниво

 

Министерот во вчерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија  појасни дека клиничката слика кај огромниот број пациенти е генерално лесна, со симптоми на дијареја, повраќање и дехидратација, додека треска и покачена температура се јавуваат поретко.

ИЈЗ: Водата во Гостивар не е за никаква употреба

Пациентите, додаде тој, примаат рехидратација, инфузија и терапија според симптомите што ги имаат.

„После примена на инфузија се испуштаат дома, малкумина се задржуваат. Ми се чини вчера беа три деца што се задржани преку ноќ, а денеска се неколку возрасни пациенти задржани и тоа се генерално возрасни пациенти со други болести, каде што заради претпазливост и дехидратацијата се задржани во болница“, рече Клековски.

За прогласената епидемија, Клековски рече дека тоа е за подобрена координација на институциите и додаде дека сите здравствени мерки и информациите кон граѓаните се направени и пред таа да биде прогласена.

Тој истакна дека во делот на здравствените мерки сите афектирани пациенти се прифаќаат во општата болница во Гостивар и ги имаат сите неопходни лекарства.

Како што рече здравствените потреби во болницата се покриваат со ротација на лекари од останатите оддели.

„Во однос на истражувањата се прават лабораториски неопходните истражувања, се упатуваат пациентите на истражување на фецес, се земаат сите неопходни анализи и се покануваат на епидемиолошки анкети за да може да се воспостави врската помеѓу пациентите со можниот извор на проблемот“, рече министерот.

Најнови вести од: Македонија

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top