Македонија

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

Полицијата ја уапси директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, во координација со основното јавно обвинителство од Гостивар. Таа е изнесена со лисици на рацете од просториите на Јавното претпријатие „Комуналец“ .Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници – техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши.


Се очекува МВР да објави детали за апсењето, а со тоа да се разјасни што се случува поконкретно со водата во Гостивар. Неколку институции, кои вршеа испитувања и ги имаат резултатите сè уште не ги соопштуваат, бидејќи треба да ги достават до Јавното обвинителство. Од Основното јавно обвинителство истакнуваат дека извештаите ги добиваат денеска, а сè што ќе имаат ќе соопштат утре.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top