Македонија

УХМР: Ново невреме од Албанија и Косово се приближува кон Македонија

По попладневното силно невреме проследено со силен ветер и пороен дожд во Скопје, метеоролозите издадоа ново предупредување за уште едно невреме кое се приближува кон земјава.

По попладневното силно невреме проследено со силен ветер и пороен дожд во Скопје, метеоролозите издадоа ново предупредување за уште едно невреме кое се приближува кон земјава.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека нов бран невреме пристигнува од Албанија, Косово и Црна Гора. За разлика од попладневниот силен ветер кој предизвика големи материјални штети во главниот град, овојпат се очекуваат поизразени и пообилни врнежи од дожд.

Според информациите од УХМР, атмосферскиот систем во моментов се движи директно кон територијата на Северна Македонија. Метеоролозите нагласуваат дека фокусот на ова невреме ќе биде врз интензивните врнежи, а не врз силен ветер како претходно.

Најавата за нови обилни врнежи доаѓа само неколку часа по првото невреме, кое предизвика сериозни проблеми низ Скопје. До Единствениот повикувачки центар 112 пристигнале над 1.000 пријави од граѓани.

Силниот ветер откорна покриви од згради, а во повеќе скопски населби паднати дрвја оштетија возила, електрични кабли и делови од приватни куќи.

Надлежните служби остануваат на терен и работат на расчистување на последиците од ветерот, додека граѓаните се повикуваат да бидат особено внимателни поради очекуваните обилни врнежи. Се следи состојбата на теренот со цел да се спречат дополнителни проблеми со одводнувањето во урбаните области.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top