Накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари е запленет на граничниот премин на меѓународниот аеродром во Скопскиот аеродром, откако царинските службеници го откриле при детална проверка на патничка којa влегувалa во земјата.
„Жената е државјанка на Република Македонија која допатувала со лет од Загреб.
Патничката била селектирана за преглед од страна на царинските службеници, на кои и изјавила дека нема што да пријави.
По извршена рендгенска проверка и преглед на нејзиниот багаж, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“.
„Случајот е префрлен во Одделот за истраги при Секторот за контрола и истраги, кој поднесе кривична пријава за кривично дело „шверц“, казниво според Кривичниот законик“, велат од Царината.