Регион

Ги штелуваат да развијат брзина до 90 километри на час (ВИДЕО)

Индекс.хр посети неколку продавници во Загреб и ги сними продавачите како отворено се согласуваат да ги отстранат бариерите што ја ограничуваат брзината на електричните тротинети на законски пропишаната максимална брзина од 25 км/ч.

 

Со оглед на сите сериозни повреди и смртни случаи – две само оваа година (вклучувајќи 14-годишник од Метковиќ), јасно е дека електричните тротинети станаа сериозен проблем. Тие се многу популарни, па родителите ги купуваат за своите деца без многу контрола. И покрај сите законски ограничувања, се чини дека полициските проверки се единственото нешто што ќе ги принуди луѓето да возат побавно и повнимателно.

Законот забранува возење побрзо од 25 км/ч, за тоа се блокадите. Проблемот е што тие лесно се отстрануваат.

Во Хрватска не е дозволено да се вози тротинет побрзо од 25 км/ч, поради што секој од нив треба да има вградена брава или софтверско ограничување што го спречува тротинетот да вози со максималната брзина што може да ја достигне.

Сепак, овие блокади полесно се отстрануваат … Секој што е поснаодлив може да ја отстрани бравата користејќи упатства од YouTube само со неколку кликања. Не им треба никакво техничко знаење или посебни вештини за да го сторат тоа.

Дилерите се подготвени сами да ги отстранат блокадите за ограничување на брзината на тротинети што можат да достигнат брзина до 90 км/ч, јавува Индекс.хр

Од редакцијата на Индекс.хр решиле да проверат колку продавачи би биле подготвени да продадат електричен скутер, а потоа веднаш да ја отстранат блокадата…

„Имаме појак што оди до 90 км/ч“, кажал продавач уште во првата продавница што ја посетиле новинари на Индекс.хр.

„Брзината е фабрички заклучена на 25 км/ч. Мислам, сето тоа е нелегално за вас“, признал продавач, а потоа веднаш објаснил дека упатство за одблокирање на брзината на електричен тротинет може да да се најде на ЈуТјуб…

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top