Македонија

Како Златев го уништил внукот на Венко Марковски

Ги објавуваме коментари кои ги избришал бугарскиот пропагандист чиј дедо во комунизмот од Македонија избегал во Бугарија каде од македонски станал бугарски поет

Вени Марковски, внук на познатиот поет Венко Марковски, избришал коментари од Љупчо Златев на својот објавен пост на Фејсбук, во обид да спречи неговите аргументи да стигнат до пошироката публика.

Ова предизвика остра јавна расправа за името на државата, македонскиот јазик, азбуката и историскиот контекст на македонско-бугарските односи.

Венко Марковски кој е меѓу првите кој пишувал на македонски јазик пред втората светска војна но во периодот на комунизмот поради здравствени причини и политички притисок ја напуштил Македонија и продолжил да твори во Бугарија каде подоцна станува бугарски поет.

Оваа семејна биографија станала централна тема во дебатата меѓу неговиот внук и Златев.

Љупчо Златев регира на нападот од Вени Марковски:

,,Тажен факт, драги пријатели и следбеници.

Поради србизацијата на Македонската азбука наметната од Тито (и Македонците кои ги извршија неговите инструкции) во 1945 година, денес некои зборови на македонски се изговараат вака:

Скопје на англиски звучи како „Скопџе“ или „Скопче“, а ајварот од чатни е „ажвар“. Зошто? Бидејќи на македонски се пишуваат не со „y“, туку со српската заменска буква наметната од Белград: „j“ (ъ): Skopje и ajvar, каде што буквата „j“ на англиски се чита како „jay“.

Златев ја отворил полемиката со личен пример:

„Кога победив на регионалниот натпревар по Македонски јазик во мојот роден град Кавадарци, во 2006та, ми подарија стихозбирка од Венко Марковски. Си ја чувам уште дома, се вика „Гламји и порои“.
Имам за вас едно прашање. Кога ја пишувал, ја пишувал со „j“ или „и“?
Дај извадете ги Тито и Србите од главата. Овде на никој не му се во паметот… отворете си ги мозоците и почнете да живеете во 21 век…
Еве го оригиналното издание… издадено пред да се кодифицира јазикот.. во Скопје…“, пишува Златев.

Тој приложил фотографија од книгата „Гламји“ од 1945 година, издадена во Скопје пред официјалната кодификација на македонскиот литературен јазик.

Во продолжение, Златев директно се обратил кон Марковски:

„Вие сте доволно непристоен на соседна држава да и солите памет околу нејзиниот јазик и историја. Ќе бидам помалку непристоен од вас и наместо на целиот бугарски народ, лично вам ќе ви солам памет:
Надминете ги историските комплекси поради политичките репресии кон вашето семејство од комунистичкото минато. Прифатете го фактот дека сте Бугарин по националност, но Македонец по етникум. Нема да боли помалку да го мразите родот од кој доаѓате. Нашето постоење е историска реалност од која бегање нема. Жално е што морате да покажете колкав Бугарин сте, плукајќи по народот од кој доаѓате. Вие може да бидете чесен и достоен државјанин на Република Бугарија и без тоа“, порачува уредникот на Радио Лидер.

Златев реагирал и на забелешките за азбуката:

„Зарем навистина мислите дека во 21 век на соседна држава е пристојно да и кажувате каква азбука треба да има?“
„А каде виждете аз да казвам на којто и да е држава (дори и на родната ми Северна Македонија) каква азбука да има??? Посочете мој текст, в којто казвам подобно нешто.“

Тој дополнително аргументира:

„Вашиот дедо ја објавил „Гламји“ во 1945 година, во Скопје. Пред да биде официјално кодифициран македонскиот литературен јазик. Ја објавил со „j“, зарем и тој работел на србизацијата на нашиот јазик? Не сум баш информиран дека тој човек било кога им слугувал на србите…
А за тоа колку е смешна вашата забелешка околу „j“, говори фактот што сите јужно-словенски јазици, освен бугарскиот, ја користат оваа буква на истиот начин. Словенечки, хрватски, српски… има и уште неколку од централна Европа…
Впрочем, на латиница моето име е Ljupcho, па никој во Англија не ми го изговорил како Лјупџо… Исто така, секојдневно следам медиуми на англиски јазик, па не сум чул некој да изговори „Лјубџана“, за градот „Ljubljana“…“

На крајот од објавените делови од разговорот, Златев го коментирал и прашањето за името на државата за која Вени Марковски вели дека му е родна а ја нарекува Северна Македонија:

„Вени Марковски, родната ви Северна Македонија? Не сум знаел дека вие сте родени во 2019 господине Вени?
На Википедија прочитав дека сте правник. Согласно главните начела на правото, промените не се одвиваат ретроактивно. Вие сте родени во СР Македонија, дел од СФРЈ.
Всушност, секоја полемика со човек кој ги омаловажува соседите поради буква и мисли дека се родил во 2019 е апсурдна. Гледам дека немате намера да полемизирате со факти. Ви посакувам убава вечер и среќен живот.“

Случајот со бришењето на коментарите предизвика реакции кај дел од фејсбук-корисниците, кои го толкуваат како форма на контрола на јавната дискусија од страна на бугарскиот пропагандист. Истовремено, таа уште еднаш покажа дека прашањата за идентитетот, јазикот и минатото меѓу Македонија и Бугарија и натаму предизвикуваат силни емоции и остри полемики во јавниот простор.

Расправата продолжува да привлекува внимание и коментари на социјалните мрежи.

Коментарите кои ги избришал бугарскиот пропагандист ги зачувал и до редакцијата на expres.mk се испратени од Македонци во Бугарија.

Поврзана вест

Внукот на Венко Марковски ја избришал дебатата со македонски новинар со цел да го намали срамот

Најнови вести од: Македонија

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

„Ние не сме Див запад“, одговорност во Гостивар ќе има, вели Тошковски

Одговорност ќе се побара од секој за кого ќе се утврди дека, без разлика дали со дејствување или со пропуштање да постапи согласно законските обврски, придонел за оваа состојба, вели министерот

To top