Македонија

Внукот на Венко Марковски ја избришал дебатата со македонски новинар со цел да го намали срамот

Expres.mk добронамерно му укажува на Марковски за овие случаи по кои за да не се резили, покрај коментарите на Златев треба да го избрише целиот пост

Внукот на македонскиот поет Венко Марковски, Вени, ја избришал дебатата за македонската азбука со Љупчо Златев, уредник на Радио Лидер.

Дебатата која се одвивала вчера на пост на Вени Марковски сега ја нема.

Најверојатно Вени Марковски кој води перфидна антимакедонска кампања на социјалните мрежи не можел да се соочи со аргументите на Златев и ги избришал сите негови постови со цел да не се види колку не ја познава проблематиката за која зборува и колку смешни се неговите тези.

Марковски ја напаѓа Македонија и македонската азбука тврдејќи дека е грешка што ја содржи буквата Ј која според него требала да биде И согласно бугарската азбука.

Тоа што некои американци Скопје го читале Скопџе или Скопче за него е доказ дека Македонците имаат погрешна азбука која е продукт на српското влијание, меѓу редови укажува Вени Марковски.

,,Тажен факт, драги пријатели и следбеници.

Поради србизацијата на Македонската азбука наметната од Тито (и Македонците кои ги извршија неговите инструкции) во 1945 година, денес некои зборови на македонски се изговараат вака:

Скопје на англиски звучи како „Скопџе“ или „Скопче“, а ајварот од чатни е „ажвар“. Зошто? Бидејќи на македонски се пишуваат не со „y“, туку со српската заменска буква наметната од Белград: „j“ (ъ): Skopje и ajvar, каде што буквата „j“ на англиски се чита како „jay“.

Во линковите ќе објавам видео од пејачката Џос Стоун (на сликата), која го откажа својот концерт во „Скопје“ поради лошо време. Ќе можете сами да чуете како го изговара името на главниот град, Скопје”, пишува Вени Марковски.

Колку греши Марковски најдобро се гледа од анализата според која Бугарија се соочува со низа случаи во кои топоними наместо со Ј се читаат како Џ.

Expres.mk добронамерно му укажува на Марковски за овие случаи по кои за да не се резили, покрај коментарите на Златев треба да го избрише целиот пост.

Најдобар и најочигледен пример за оваа грешка е токму градот Јамбол, но постојат и неколку други клучни примери во Бугарија каде странците масовно ја прават истата грешка поради латиничниот запис.

Грешката се случува затоа што во меѓународните мапи или во постари германски/словенечки транскрипции, бугарското „Ј“ се запишува како „J“, што за англиското говорно подрачје автоматски значи изговор „Џ“.

Еве ги најтипичните примери за ваква грешка:

Jambol (Јамбол): Во многу меѓународни енциклопедии и географски карти градот официјално се наведува со алтернативното Џамбол.

Англиските туристи и говорници кои го читаат ова за првпат, наместо правилното Јамбол, го изговараат како Џамбол (како зборот Jam / џем).

Jantra (реката Јантра): Оваа голема река во северна Бугарија на латиница често се пишува како Jantra. Странците редовно ја изговараат како Џантра.

Jorgo (Јорго) / Javor (Јавор): Иако се топоними во помали населени места или имиња на улици/објекти низ Бугарија, кога се напишани со почетно „J“, странците наместо Јорго и Јавор, ги читаат како Џорџо и Џавор.

Зошто доаѓа до парадокс со буквата „Џ“ во Бугарија?

За разлика од македонскиот јазик кој ја има буквата Џ, бугарската кирилица нема посебна буква за овој глас. Бугарите звукот „Џ“ го запишуваат со спојување на две букви: ДЖ.

Затоа се случува следниот јазичен парадокс при транскрипција:

1. Вистинските бугарски топоними кои во себе го содржат гласот Џ (како градовите Крџали, Пазарџик или планината Бузлуџа) на латиница мора да се пишат со „Dzh“ или „Dž“ (Kardzhali, Pazardzhik, Buzludzha).
2. Од друга страна, зборовите кои содржат чисто „Ј“ се пишуваат со „J“.

Крајниот резултат е дека странците ги читаат бугарските места целосно наопаку – онаму каде што треба да кажат Џ се мачат со комбинацијата Dzh, а онаму каде што има обично Ј (напишано како J), погрешно изговараат чисто Џ.

Најнови вести од: Македонија

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top