Регион

Бугарите се противат на распоредување американски авиони-цистерни во базата Бесмер и најавуваат протести: Стануваме легитимна цел во војна, што не е наша!

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и оти одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и жителите на околните села и населби.

Градоначалникот на општината Безмер Росен Русев нагласи дека луѓето не се против постоење на воената база, или спроведувањето на вежбите, туку против специфичната мисија за стационирање американски авиони-танкери, ангажирани во војната во Иран, објави БТВ. Според него, мештаните стравуваат дека по дипломатската нота на Иран „неизбежно ќе станеме потенцијална цел“. Русев додаде дека е малку веројатно дека петицијата ќе ја промени одлуката, но барем „гласот на луѓето од регионот ќе остане“, кои се плашат дека „влегуваме како земја во војна што не е наша“.

Градоначалничката на селото Бољарски Вања Пејнева, исто така изрази категорично несогласување со распоредувањето на авионите-цистерни. – Не сакаме овие авиони-цистерни да бидат распоредени тука. Многу често слушаме дека цивилни цели се погодени случајно. Тоа е она што ги загрижува луѓето. Ние сакаме само мир – рече Пејнева.

Сличен став изрази и градоначалникот на селото Роза, Енчо Јоргов. Според него, дури и да нема инциденти, распоредувањето на авионите „донесува вознемиреност кај нашите жители“. Тој инсистираше државата да ја гарантира безбедноста на луѓето ако авионите останат во базата.

Општински советник од општина Тунџа ја опиша парламентарната одлука како претворање на Безмер во „легитимна цел во војна што не е наша“. Според него, тврдењето дека мисијата е логистичка не ја менува ситуацијата, бидејќи „логистиката е исто така дел од војната“. Тој исто така потврди дека протестот ќе се одржи, повикувајќи ги сите заинтересирани граѓани да се вклучат.

Најнови вести од: Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

To top