Македонија

ЕУ реагира остро на новите американски царини

Повик за почитување на постигнатиот договор

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска го доведе во прашање образложението на Вашингтон за воведување нови царини за европски стоки, оценувајќи дека обвинувањата за недостаток на контрола врз принудната работа во ЕУ се неосновани.

„Не можете да го кажете тоа за ЕУ“, изјави Калас за Ројтерс на маргините на самитот на АСЕАН во Манила.

„Ако ги споредите законите за труд во ЕУ со оние во Соединетите Американски Држави, имаме платени годишни одмори, многу добри услови за работа за вработените, така што обвинувањата не се основани“, нагласи таа.

Администрацијата на Доналд Трамп воведе нови царини во висина од 10 до 12,5 отсто за стоки од 60 земји, вклучувајќи ги и членките на ЕУ, под обвинувања дека нема доволно контрола врз принудната работа.

На прашањето дали очекувала ЕУ да биде опфатена со најновите одлуки на САД, Калас одговори негативно.

„Кој може да следи што се случува со царината? Не, не го очекувавме ова“, рече таа.

Калас најави дека ЕУ ќе побара појаснување од Вашингтон, потсетувајќи дека минатата година беше постигнат трансатлантски трговски договор, па затоа новите царини претставуваат негативно изненадување.

„Имавме договор со Америка и се придржувавме до тој договор, од страница до страница. Затоа е негативно изненадување што тие не се држеа до договорот“, заклучи високата претставничка.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top