Македонија

СДСМ: Ние сме гласот на граѓаните

Раководството на Бихаќка оди и се слика по домови на свои членови и тврди дека е глас на граѓаните

Социјалдемократскиот Сојуз објави дека негови екипи биле на средби со граѓани и дека партијата е глас на граѓаните со кои заедно се бореле.

,,СДСМ е секој ден со граѓаните. Заедно се бориме. Ние сме нивниот глас.
Криминалната власт на ВМРО ОКГ ја урниса економијата, со години го труеа народот со лаги, омраза и пропаганда, сега ги трујат и со вода – најосновната животна потреба”, се вели во партиското соопштение на Бихаќка.

Според објавата на средбите беа присутни претседавачот на Централниот одбор на СДСМ Герасим Лазов, претседателот на Општинската организација Вуле Младеновиќ и членови од ИО од Неготино.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top