Македонија

Почина легендарниот Гоце Тодоровски

Неговиот талент, харизма и препознатлив хумор ќе останат засекогаш дел од македонската историја и уметност

Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Н 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски, актер кој со својата харизма, автентичен хумор и препознатлива актерска енергија со децении беше дел од македонскиот театарски, телевизиски и културен простор.

Веста за неговата смрт ја соопштија од семејството.

Тодоровски остави длабок и неизбришлив траг во македонското глумиште. Неговиот талент да ја спои комедијата со непосредноста, а секој лик да го направи близок до публиката, му донесе посебно место меѓу актерите кои ги одбележаа генерациите.

За пошироката публика особено остануваат запаметени неговите улоги во „Македонски народни приказни“. Преку бројните ликови што ги оживеа пред камерите, Тодоровски придонесе македонското народно творештво, хуморот, традицијата и јазикот да стигнат до домовите на илјадници семејства и да останат дел од колективната меморија.

Неговиот актерски пат, сепак, беше многу поширок од телевизискиот екран. Како долгогодишен член на Драмскиот театар во Скопје, Тодоровски одигра десетици улоги и беше дел од бројни претстави што оставија белег во македонската театарска историја. На сцената се издвојуваше со исклучително чувство за комедија, но и со способноста на ликовите да им даде човечност, топлина и силен драмски израз.

Неговиот препознатлив глас, ведриот дух и актерската непосредност го направија близок до публиката од повеќе генерации. За многумина, неговите ликови не беа само телевизиски и театарски улоги, туку дел од детството, семејните вечери и македонската културна меморија.

Најнови вести од: Македонија

Днеска се очекува да протече исправна вода низ гостиварскиот водовод

Последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба, изјави вчера премиерот Мицкоски

To top