Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и оти потпишала таков договор со претходната влада, во кој, според нивните тврдења, биле дадени различни ветувања. Ние, како Влада, сметаме дека протоколите не се дел и оти не треба да бидат дел од Преговарачката рамка. Тој став го имаме од првиот ден до денес. Но, с ставот на другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков, според нас, поради егзибициите и капитулацијата на претходната влада на СДСМ и ДУИ и на тогашниот преговарачки тим, воден од губитникот од Чаир – истакна Мицкоски.
Премиерот вчера во гостување во поткаст истакна дека уставните измени во оваа форма, како што сега се бара, нема да се случат и дека е подготвен да разговара со секого и секаде, додека да се најде решение што ќе биде одржливо и ќе нè однесе до крајната цел. – А во меѓувреме ќе остваруваме резултати со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот – потенцираше Мицкоски.
Тој исто така додаде дека во целиот овој процес работите треба да се гледаат принципиелно, а принципите треба да важат за сите бидејќи со нив нема играње.