Македонија

Денеска до +39, а наредните денови и над 40

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје  ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. температурата ќе се движи од 16 степени наутро, до 36 во текот на денот.

Во следните денови под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време.

Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.

 

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top