Македонија

Мицковски: „Шлеперов пак 4-та партија“

Новинарот вели дека зборот „неуспех“ ќе се замени во македонскиот речник со зборовите „консолидација или раст“

Новинарот и аналитичар Ивор Мицкоски, на социјалните мрежи го коментира комичното соопштение на Аналитичкиот центар на СДСМ во кое убедливиот пораз на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Радески, се претставува како успех.

Имено, Радески освои само 706 гласови и беше на 4-то место меѓу кандидатите.

Но, според анализата од СДСМ, тоа е за 225 гласа повеќе од ланските локални избори во Брвеница или, во проценти изразено, тоа е пораст од 46,8 проценти поголема доверба за СДСМ.

„Зборот неуспех ќе се замени во македонскиот речник со зборовите консолидација или раст“ предлага Мицковски, кој во одделна објава на Фејсбук саркастично констатира:

„Шлеперов пак 4-та партија…“

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top