Свет

Во Германија ова лето починаа 9800 луѓе од исклучително големи температури

Брановите на летните горештини во германските градови причина за смрт на сѐ повеќе стари лица.

Се проценува дека 9.800 луѓе во Германија починале од екстремна топлина оваа година, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Во соопштението се вели дека најголем број смртни случаи се регистрирани во возрасната група од 75 години и повеќе, објави „Ројтерс“.

Институтот соопшти дека е забележано зголемување на стапката на смртност во текот на топлите денови и дека се очекува понатамошно зголемување на бројот на смртни случаи како што продолжува екстремно жешкото лето.

Најнови вести од: Свет

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top