Македонија

(Фото) Градскиот базен во Кавадарци преполн во летните денови

Но кога резултатите се видливи, а граѓаните секојдневно ги користат придобивките, тогаш секој вложен напор добива вистинска вредност вели Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека Градскиот базен работи со полн капацитет и секојдневно го користат голем број граѓани. Според него, реализацијата на ваков проект барала многу труд, енергија, посветеност и долгогодишна работа, а најголема потврда за вложениот напор е тоа што граѓаните секојдневно ги користат неговите придобивки.

„Да се реализира еден проект потребни се многу труд, енергија, посветеност и макотрпна работа. Но кога резултатите се видливи, а граѓаните секојдневно ги користат придобивките, тогаш секој вложен напор добива вистинска вредност“, наведува Јанчев.

 

Најнови вести од: Македонија

To top