Македонија

Г.Г. Стефан: Само обединет народ може да ги зачува својата слобода, идентитетот и држава

Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 година го потврдил правото на сопствена држава, а независноста во 1991 година ја заокружила современата македонска државнос

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој оцени дека слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачувува.

Во пораката се наведува дека Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 година го потврдил правото на сопствена држава, а независноста во 1991 година ја заокружила современата македонска државност. Според владиката Стефан, овие три историски настани се поврзани во една заедничка традиција на жртва, истрајност и национален опстанок.

Поглаварот на Македонската православна црква оцени дека современите предизвици бараат исто толку одговорност колку и историските искушенија низ кои минувале претходните генерации. Тој повика на единство, помирување и зачувување на вредностите што, според него, го одржале народот низ историјата.

Во фокусот на посланието е повикот за враќање кон верата, правдата, честа и достоинството. Стефан порача дека само обединет народ, кој ќе ги надмине поделбите и ќе гради меѓусебна доверба, може да ги зачува својата слобода, идентитет и држава.

Во посланието се нагласува и историската улога на Македонската православна црква во периодите кога Македонија немала сопствена држава. Според поглаварот на МПЦ-ОА, Црквата во тие времиња била чувар не само на верата, туку и на писменоста, културата и националната свест.

Илинденското послание завршува со повик да се негуваат илинденските идеали и да се зачува споменот на сите што се жртвувале за слободата на Македонија, со порака дека нивното наследство треба да остане обврска и за сегашните и за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија

Крушевската Република остави порака што и денес има силно значење, држава изградена врз слобода, еднаквост и меѓусебна почит. Истите вредности беа потврдени и на АСНОМ, кога беше трасиран патот на современа Македонија

Мисајловски: Илинден е темелот на современата македонска држава

Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава

To top