Македонија

Ачкоска со празнично „послание“: Иако не ни дадоа да се израдуваме на слободата, ние сме жилав и мудар народ

Историчарката со честитка за двата илиндена како континуитет на борбата на македонскиот народ за слобода и државност

Историчарката Виолета Ачкоска со пригодно слово за утрешниот македонски национален празник 2 Август.

„Двата Илиндени 1903 и 1944 година се континуитет на една долга борба на македонскиот народ за слобода и државност.

Илинденското востание 1903, организирано од Македонската револуционерна организација, беше возвишен чин на саможртва на народот кој се бореше без сојузници против далеку надмоќната османлиска војска. Тој чин остана длабоко врежан во колективната меморија на Македонците. Како дел од големата антифашистичка коалиција, тие во текот на Втората светска војна создадоа современа држава во вардарскиот дел од поделена Македонија, дел од југословенската федерација. Со референдумот на 8 септември беше прогласена суверена Република Македонија.
Со чинот на АСНОМ, 2 август 1944, еден народ, бездомник со векови, доби свој дом.
Иако не ни дадоа да се израдуваме на слободата, ние сме жилав и мудар народ. Да си ја сакаме и чуваме татковината, создадена со херојство на најдобрите македонски синови.
Честит ИЛИНДЕН Македонци!“, напиша Ачкоска на Фејсбук во својата честитка за Илинден.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top